Хотел „Глигоров“ располага со две конференциски сали - една со капацитет од 120 места, и друга со 30.
Овие сали можат да се користат за деловни состаноци, семинари, конференции, симпозиуми, деловни презентации и друг вид помали и поголеми состаноци.
Просториите располагаат со безжичен интернет, како и со отворена можност за проекции и останати аудио-видео можности.

Вашите важни и различни одлуки заслужуваат да бидат донесени на поразлично место од другите!

До хотелот „Глигоров“ се стигнува лесно со сопствен и јавен превоз.


Тој е лоциран веднаш до централната градска автобуска станица, на раскрсницата од патот што води до Бугарија и транзитниот пат кон Скопје, од едната, и Грција, од другата страна.

Хотелот „Глигоров“ располага и со сопствен паркинг-простор, кој Ви нуди сигурност и спокојство за време на Вашиот престој во собите или ресторанот.


Хотелот е Ваш различен дом во кој ќе останат Вашите спомени и кога ќе заминете.