Хотел „Глигоров“ располага со 44 соби за 83 гости, поделени на три ката кои се уредени во различни бои, прилагодени на Вашиот вкус и расположение во мигот.

Хотелот има еднокреветни и двокреветни соби, сјут-апартмани, луксузен бизнис апартман и еден претседателски апартман.
Секоја соба е опремена со клима-уред, безжичен интернет, директна телефонска линија, кабелска телевизија, бања со туш-кабина и џакузи, а најлуксузните соби имаат и парни бањи.
Секоја различна боја има своја различна приказна, која може да биде Ваша!

Ние ја правиме разликата!

Хотел "Глигоров" располага со сауна и фитнес-сала со гардероба и туш-кабини. Престојот во хотелот нека Ви биде и потреба, но и задоволство.

Почувствувајте се поинаку.