Хотел „Глигоров“ е екстравагантен хотел лоциран во Струмица, во југоисточниот дел на Македонија, на тромеѓето од македонската, бугарската и грчката граница. Тоа го прави хотелот отворен кон различностите и посебностите.

Нашето мото е „Ние ја правиме разликата“ - ентериерот е уреден во барок-стил, зашто нашата услуга почнува од убавината.
Ние сме различни од другите, за Вие да се почувствувате поразлично од секаде каде што сте биле.
Едно од старите имиња на Струмица е „Астарион“ или Градот на ѕвездите.

Хотелот „Глигоров“ е хотел со четири ѕвезди и како посебно соѕвездие го осветлува градот Струмица со голема историска и културна традиција, со важни археолошки наоѓалишта како што се тврдината Цареви кули или Римските терми, манастирските комплекси во Водоча и Велјуса, со природните реткости како Смоларскиот и Колешинските водопади,  со неколку меѓународни фестивали и традиционалниот Струмички карневал.

Ние ја правиме разликата“!

До хотелот „Глигоров“ се стигнува лесно со сопствен и јавен превоз.


Тој е лоциран веднаш до централната градска автобуска станица, на раскрсницата од патот што води до Бугарија и транзитниот пат кон Скопје, од едната, и Грција, од другата страна.

Хотелот „Глигоров“ располага и со сопствен паркинг-простор, кој Ви нуди сигурност и спокојство за време на Вашиот престој во собите или ресторанот.


Хотелот е Ваш различен дом во кој ќе останат Вашите спомени и кога ќе заминете.